Home » Кумановец пропаднал во „жива кал“ во Пчиња, пожарникари го извлекувале со часови

Кумановец пропаднал во „жива кал“ во Пчиња, пожарникари го извлекувале со часови

by Журнал.мк

Човек пропаднал во тиња и длабока кал во реката Пчиња, па рано утрото била спроведена спасувачка акција за негово извлекување, соопшти ЦУК.

Човекот го спасувале кумановските пожарникари.

„Акцијата беше драматична, човекот беше пропаднат буквално како во жив песок. Ситуацијата беше опасна и затоа извлекувањето траеше неколку часа. Додека траела акцијата, тој цело време пропаѓал надолу, се до рамењата и вратот, извести утрово портпаролот на ЦУК, Илија Бојаровски.

Лицето било еден километар пренесувано на раце за да биде предаден на итната медицинска помош.Несреќникот бил едвај контактибилен кога бил извлечен, а потоа бил примен во кумановската болница.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More