Home » Куман јасно и гласно: Кој замине во Саудиска Арабија, нека заборави на репрезентацијата

Куман јасно и гласно: Кој замине во Саудиска Арабија, нека заборави на репрезентацијата

by Lina Muslija

Роналд Куман не го криеше разочарувањето од одлуката на Стивен Бервајн летово да го напушти Ајакс и да се пресели во Ал Итихад во трансфер вреден 25 милиони евра. За холандскиот селектор, оваа одлука е јасен знак за неамбициозност на фудбалерот, по што тој дефинитивно повеќе нема да игра за „лалињата“.

Бергвајн беше дел од холандската репрезентација на ЕВРО 2024, но очигледно е дека репрезентативната кариера е завршена за поранешниот фудбалер на Тотенхем.

„Бергвајн замина за Саудиска Арабија на 26-годишна возраст. Зарем треба да дискутираме дали тој воопшто има спортска амбиција. Неговата епизода во холандската репрезентација е завршена, тој е свесен за тоа уште пред јас да го кажам. Истото ќе се однесува и за следни слични случаи во иднина“, дециден е на својот став холандскиот селектор.

Тој воедно обелодени дека веќе разговарал со Блинд, Вајналдум и Де Рон, известувајќи ги дека повеќе нема да бидат дел од националниот тим.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More