Швеѓанецот со македонски корени, Дејан Кулушевски ја промени клупската средина во завршницата на зимскиот преоден рок и од Јувентус се пресели во Тотенхем.
Ова за Дејан е нов предизвик, прв надвор од Италија што дефинитивно ќе биде голем тест за него да настапува во лигата која според многумина е најдобра и најкомпетитивна на светот.
-Многу сум среќен што сум овде. Важно е да се забавувате кога играте, -порача Кулушевски кој го издвои тренеро Антонио Конте како човек кој е највиновен за преселбата во Лондон.
-Со нетрпение очекувам да играм со тренерот. Го познавам од Интер, тој е победник и тоа сакам да бидам. Тоа е исто така дел од причината зошто дојдов овде. Ќе го слушам, тој знае што зборува и неговите тимови секогаш работат навистина напорно и тоа е она што го сакам, -дополни офанзивецот кој во Тотенхем ќе игра како позајмен играч од Јувентус со тоа што премиелигашот ќе има опција да го откупи неговиот договор.