Home » Култниот српски клуб реди порази и прима и по 11 голови, но навивачите секогаш се на трибините (ФОТО)

Култниот српски клуб реди порази и прима и по 11 голови, но навивачите секогаш се на трибините (ФОТО)

by Lina Muslija

Tимот на Рад од Белград некогаш беше стабилен српски прволигаш, но сега поминува низ тешки денови.

Во 2015 година овој клуб играше и четвртфинале во Купот на Србија, додека во првенството заврши како шестопласиран. Падот на Рад започна во 2021 година кога за првпат испаднаа од прволигашкото друштво.

Првата сезона во Втората лига ја завршија на 11. позиција, за веќе во наредната како последни да се преселат во третата лига. Таму се задржаа една сезона и се преселија во четвртиот ранг каде што сезонава бележат катастрофални резултатите.

По четири кола имаат исто толку порази, но уште полоша е гол-разликата, имаат 29 примени и ниту еден постигнат погодок. Во првите натпревари губеа со 3:0, 8:0, 11:0 и 7:0.

Единствено позитивно во овој момент во Рад се навивачите кои и во таква ситуација се редовни на трибините.

 

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk