Home » Култниот спортски автомобил добива електричен наследник со 1.000 „коња“ (ФОТО/ВИДЕО)

Култниот спортски автомобил добива електричен наследник со 1.000 „коња“ (ФОТО/ВИДЕО)

by Lina Muslija

Автомобилот ги прикажува дизајнерските насоки на идните модели на „Lotus“.

И покрај минусот на сметката, „Lotus“ не се откажува од електричниот погон. По хиперспортскиот модел „Evia“, британскиот производител најавува нов модел кој ќе биде духовен наследник на познатиот модел „Esprit“.

Концептот на „Theory 1“ е веќе претставен, а податоците се ветувачки. Има 1.000 ks, погон на четири тркала и забрзување до 100 km/h за 2,5 секунди.

Иако е електричен, бројките за тежина се во согласност со педигрето на „Lotus“. Со оглед на електричниот погон, масата од 1.600 килограми звучи одлично.

Хиперспортските амбиции дополнително се потврдуваат со распоредот сличен на оној на „McLaren F1“ – има три седишта, со возачот во центарот.

Овој автомобил ги прикажува дизајнерските насоки на идните модели на „Lotus“ и е инспириран од оригиналниот „Esprit“.

Меѓу техничките карактеристики, вреди да се спомене батеријата со капацитет од 70 kWh и досег од солидни 400 km.

Посебна карактеристика на автомобилот се „копчињата по барање“ направени од реактивна ткаенина. Во пракса, тоа значи дека ткаенината на седиштето ќе ве тапка по грбот кога друг автомобил ќе ви пријде одзади.

Ако телефонот заѕвони, ќе се појави „копче“ за прифаќање на повикот.

Патентот е дело на „MotorSkins“, но останува прашањето дали некогаш ќе ја видиме оваа технологија во сериски „Lotus“ или кој било друг сериски автомобил.

Ветувачки е што „Lotus“ размислува за намалување на килограмите, како и за развој на дизајн врз основа на богатото минато, од кое не се откажува.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk