Home » Кулеба: Киев нема да дозволи да се повтори трагедијата од 2014 година

Кулеба: Киев нема да дозволи да се повтори трагедијата од 2014 година

by Журнал.мк

Украина има добро осмислена дипломатска стратегија за да се спротивстави на рускиот притисок и нема да дозволи повторување на трагедијата од 2014 година, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба во напис за НВ.

– Украина има добро осмислена дипломатска стратегија за да се спротивстави на руската ескалација. Сега има обвинувања дека Украина го потценува нивото на заканата. Но, ние бевме тие што во ноември инициравме развој на сеопфатен пакет за совладување на Русија, кој вклучуваше три нивоа: активна дипломатија, строги економски санкции против Русија и длабинска одбранбена соработка со нашата земја, изјави украинскиот министер за надворешни работи.
Тој додаде дека кон тријадата сега се додава нов елемент – помош за зачувување на економската и финансиската стабилност на земјата.
Тој нагласи дека Украина станала посилна и нема да дозволи повторување на трагедијата од 2014 година, а партнерите на земјата веќе направиле повеќе за да се спречи кризата отколку пред осум години.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More