Home » Куче паднато во шахта остави без интернет дел од болницата „Филип Втори“ и поликлиниката „Букурешт“

Куче паднато во шахта остави без интернет дел од болницата „Филип Втори“ и поликлиниката „Букурешт“

by Журнал.мк

Куче кое паднало во шахта, изгризало оптички кабли на „Македонски телеком“ и без интернет денеска околу 8 часот останале дел од ПЗУ „Филип Втори“ и поликлиниката „Букурешт“ во Скопје, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– По пријава дека нема интернет во тој реон, вработените од „Телеком“, откако го лоцирале и пронашле проблемот за прекин на оптичкиот интернет, не се осмелувале да слезат во шахтата, каде што било и кучето. Околу 15 часот се јавиле на единствениот број за итни случаи – 112 во ЦУК. Дежурните од секторот Е-112 и секторот СОК во ЦУК, бидејќи бил неработен ден, не можеле да стапат во контакт со Јавното претпријатие „Лајка“ од Скопје, па, покрај предвидените оперативни процедури, го премостиле проблемот. Тие ги поврзале активистите на граѓанската иницијатива „Кане корзо“ со вработените од „Телеком“ за понатамошна заедничка постапка, соопштија од ЦУК.

Кога го извадиле кучето од шахтата, вработените од „Телеком“ го отстраниле дефектот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More