Home » Крвопролевање во Бангладеш: 300 мртви во демонстрации, пукање во полиција, пендреци и ножеви работеле

Крвопролевање во Бангладеш: 300 мртви во демонстрации, пукање во полиција, пендреци и ножеви работеле

by Журнал.мк

Бројот на загинати од демонстрациите во Бангладеш се искачи на најмалку 300, бидејќи и вчера во судирите меѓу демонстрантите и поддржувачите на владата загинаа 94 лица.

Франс прес пренесува дека билансот е изнесен врз основа на податоците од полицијата, службениците и лекарите во болниците.

Вчера, во новата рунда насилства, избувнаа судири меѓу противниците на премиерот Шеик Хасина, органите на редот и приврзаниците на партијата на власт, кога според претходните податоци, ширум земјата загинаа најмалку 77 лица, а стотици беа ранети.

Антивладините демонстранти имаат намера денеска масовно да маршираат кон Дака, главниот град на Бангладеш, по вчерашниот крвав ден.

Вчерашниот биланс на загинати беше најтешкиот за еден ден откако пред еден месец почнаа антивладините демонстрации во таа муслиманска земја со 170 милиони жители.

Поради големата невработеност на млади, образовани луѓе, студентите протестираат против привилегиите кои ги уживаат луѓето блиски до власта и начинот на кој се добиваат владините работни места.

Полицијата соопшти дека меѓу загинатите има најмалку 14 нејзини припадници.

Противничките групи се судрија со палки и ножеви, а полицијата пукаше со боева муниција. Нападната е полициска станица на североистокот на земјата, а според податоците на полицијата загинале 11 полицајци.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More