Home » Круљ: Против Македонија ЃП да ги потврдиме трите бода од мечот против Силекс

Круљ: Против Македонија ЃП да ги потврдиме трите бода од мечот против Силекс

by Lina Muslija

Фудбалерите на AП Брера ги одработуваат последните тренинзи пред неделниот натпревар со екипата на Македонија ЃП. Како што е познато дуелот ќе се одигра во Турново на стадионот ,,Кукуш“ со почеток во 14 часот каде влезот ќе биде бесплатен.

Стратегот Бојан Круљ истакна дека атмосферата во првиот тим  е одлична и сите момци се жедни за ново докажување. Како што подвлече важно е фудбалерите да имаат карактер и јасна желба како и цврст став на професионалност кога влегуваат на теренот.

„Во Кратово покажавме карактер, став, јасна желба и амбиција. Тој натпревар помина и успеавме да победиме. Веќе го заборавивме и се подготвуваме за наредниот противник а тоа е Македонија ЃП која е доста квалитетна екипа и мислам дека незаслужно се на таа позиција на која што се наоѓаат на прволигашката табела. Мислам дека среќата многу не ги сака и секогаш нивните резултати беа тесни со гол разлика а се доста квалитетен тим. Нам фокусот ќе ни биде мобилноста и тоа да ги имаме сите на располагање во недела и секако да направиме добар резултат и ако може да славиме победа за да ги потврдиме трите бода од првото коло“, вели Круљ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk