Home » Крмов бара проблемот со пратениците во Кочани

Крмов бара проблемот со пратениците во Кочани

by Журнал.мк

Две недели жителите на Кочани бараат решение од властите против енормно загадениот воздух во градот. На народен протест, континуирано го блокираат патот до депонијата, којашто е главен извор на загадувањето. Оправданиот народен револт го потврдува и фактот дека бројот на болни од респираторни заболувања и канцер во Кочани се зголемува.

Пратеникот од редовите на Левица – Борислав КРМОВ, го посети протестот неколку пати и изрази поддршка до борците за оваа битка. Во рамките на своите ингеренции, тој до Собранието поднесе информација за енормното загадување на амбиенталниот воздух, проблемот со градската депонија во Кочани и побара ИТНО да се најде пред пратениците на Седницата закажана во вторник.

Уставно загарантираното право на здрава животна средина е неспорно! Должност на државата е да го обезбеди истото. Оттука, барањата на жителите на Кочани се интегрален дел од документот доставен до Собранието, а пратеникот Крмов, од пратениците и ресорниот Министер, ќе побара нивна примена и итно и неодложно разрешување на проблемот, заради којшто граѓаните се со денови на улиците.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk