Собранието со 59 гласа „за“, ниту еден против и воздржан, ја донесе Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија. Кризната состојба ќе трае до 30 април 2022 година. Владата, конкретно Електрани на С Македонија, треба да ја преземе обврската за снабдување со топлинска енергија наспроти БЕГ како снабдувач во услови кога цената на енергенсот е за 40 насто зголемена.
За опозицијата, граѓаните не треба да плаќаат повисоки сметки поради несовесното работење на Владата, односно институциите кои не знаеле како да ја менаџира енергетската криза. За владејачкото мнозинство, Владата навремено и ефикасно одговара на сите предизвици, во интерес на граѓаните и стопанството.