Home » Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска

Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска

by Журнал.мк

Ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска во Уставен следува криза. Судот ќе биде блокиран, ќе нема кој да ги свикува седниците. Генералниот секретар ќе може да ги врши административните работи во рамки на судот, но не може да ги организира седниците, ниту да носи одлуки. Одлуките се потпишуваат и објавуваат во Службен весник исклучиво со потпис од страна на претседателот на Уставен, за кој е се понеизвесно дали судот ќе го има од идната недела. И по шест неуспешни обиди, од трката не се откажува ниту Татјана Васиќ Бозаџиева, ниту Ана Павловска Данева.

Ова е класичен политички циркус, кој го гледавме во Судски совет, а сега се пренесува во Уставен, како една од борбите во двете крила во СДСМ. Не сфаќам како Ана Павловска Данва не се откажува, дојде во судот само пред неколку месеци.

Не е првпат да не се избере претседател на Уставен уште на првата седница. И порано имало превирања во судот, но не до овој степен.

Со тоа што двајцата кандидати кои не можеа да добијат мнозинство се откажале од кандидатурата, се пријави трет кандидат и тој беше избран за претседател Ги повикувам да предложат трет кандидат за да престане ваквиот циркус кој го гледаме деновиве И пред 20 години професор си поднесе оставка оти не беше избран за претседател

Деловникот наведува дека изборот ќе се повторува, се додека не се избере претседател на судот. Гласањето е тајно, а за се избере претседател потребни се шест гласа од вкупно 9 судии.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More