Home » Кривични пријави за високи полициски чиновници во МВР

Кривични пријави за високи полициски чиновници во МВР

by Журнал.мк

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски утрово на социјалните мрежи информираше дека тројца високи полициски службеници добиле кривични пријави и дисциплинска постапка под сомнение дека свесно застариле дисциплинска постапка која се водела против нивни колега.

„Имено, од страна на Министерството за внатрешни работи до ОЈО ГОК поднесена е кривична пријава против горенаведеното лице за кривично дело `Злосторничко здружување` и `Присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство`, при што за вработениот – полициски службеник одредена е мерка притвор во траење од 30 дена. Притоа од страна на ОВККИПС на 24.12.2022 бил доставен предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

Од страна на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност при СВР Струмица на 15.01.2024 година била одржана расправа и притоа таа му предложила на министерот да донесе решение за утврдување дисциплинска мерка `парична казна`. Имајќи предвид дека согласно Закон министерот е должен решението да го донесе во рок од 12 месеци од приемот на одобрението од јавниот обвинител, истиот рок истекол на 21.12.2023 со што членовите на комисијата сториле кршење на Дисциплинскиот договор на МВР“ – напиша Тошковски на Фејсбук.

МВР поднело кривични пријави до обвинителството против три лица.

А.Т. на работно место Главен инспектор за разузнавање во ОКРА при СВР Струмица, Б.К. на работно место командир во ПС од ОН Радовиш и Ј.В. на работно место Помошник началник во СВР Струмица.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk