Home » Кривична за екс државниот правобанител Агрон Речи за „лажно претставување“

Кривична за екс државниот правобанител Агрон Речи за „лажно претставување“

by Журнал.мк

Кривична пријава заработи поранешниот државен правобранител, Агрон Речи од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“

-СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Р.(40) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување” по член 391 став 1, во врска со член 45 од Кривичниот законик. Од 10.11.2020, пријавениот бил именуван за правобранител за подрачјето на Охрид и од тој ден ја ставил во мирување својата адвокатска дејност. Но, и покрај тоа, подоцна тој пред надлежниот Основен суд Охрид во три наврати, и тоа во предмет, лажно се претставил како адвокат и застапувал странки во постапки пред надлежниот суд, прикривајќи го фактот дека адвокатската дејност му е во мирување, а со цел да прибави за себе противправна имотна корист и на тој начин го сторил кривичното дело, информираат од полицијата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk