Home » Кривична пријава за Дехари, како градоначалник на Кичево за адвокатски услуги го оштетил општинскиот буџет за околу 64.000 евра

Кривична пријава за Дехари, како градоначалник на Кичево за адвокатски услуги го оштетил општинскиот буџет за околу 64.000 евра

by Журнал.мк

Градоначалникот на Кичево противзаконски склучил повеќе договори за извршување адвокатски услуги, оштетувајќи го општинскиот буџет за околу 64.000 евра.
СВР Охрид денеска соопшти дена ОВР Кичево поднела кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 353 од Кривичниот законик, „Злоупотреба на службена положба и овластување“.

– Лицето, во периодот од 2017 година до 2024 година, во својство на градоначалник на Општина Кичево, свесно и со умисла, со намера да прибави значителна имотна корист за друг, а на штета на општината, противзаконски склучил повеќе договори за извршување на адвокатски услуги со адвокати од Кичево, иако во рамките на општината Кичево постои секторот за правни работи со вкупно 37 вработени, кои имаат право да ја застапуваат општината пред судовите во државата, појасни портпаролот Стефан Димоски.

Со тоа, додаде, пријавениот, ја искористил својата службена положба, постапил спротивно на одредбите од законите за спречување на корупцијата и судир на интереси, за локална самоуправа и за јавни набавки, ги прекршил одредбите од Законот за парнична постапка и Правилникот за систематизацијата на работните места, со што, на повластените адвокати им овозможил, на штета на буџетот на општина Кичево, да се стекнат со противзаконска имотна корист од 3.938.420,00 милиони денари или околу 64.000 евра.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk