СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Т.(45) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „противправно лишување од слобода“ и против Ш.М.(18) и малолетник, двајцата од село Шипковица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 10.03.2025 првопријавениот со закана со пиштол го одвел второпријавениот позади угостителски објект во Тетово и физички го нападнал.
Истиот ден, второпријавениот и третопријавениот, кој носел автоматска пушка, отишле во близина на куќата на првопријавениот, при што предизвикале страв кај присутните.