Пратеникот од редовите на СДСМ, Борче Цветков, ќе одговара кривично, за период додека директорувал со Затворот во Струмица. Денеска МВР објави дека струмичката полиција до Основното јавно обвинителство Струмица поднела кривична приjава против лицето Б.Ц.(40) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 од Кривичниот законик.
Нетпрес дознава дека станува збор за пратеникот Борче Цветков. Тој се сомничи дека противзаконски им овозможил на тројца осуденици да користат погодности кои воопшто не им следувале, поточно не биле присутни во Затвор Струмица и по еден месец, а во евидентната книга, по наредба од пријавениот Цветков, било заведувано дека осудените лица биле присутни во затворот.
Станува збор за тројца осуденици, од кои едниот е Лазо Котуровиќ, во струмичко познат како Лазо Д’лгио.