Home » Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче

Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче

by Журнал.мк

Основниот кривичен суд Скопје денеска информира дека притвореникот Б. В., кој е еден од обвинетите во предметот со К. бр. 1339/24, поврзан со двојното убиство на малолетната Вања од Скопје и на велешанецот Панче Жежовски, бил префрлен од затворот на Клиниката за нефрологија поради влошена здравствена состојба.

„Поради интерес на медиумите и невладините организации, кои ја следат главната расправа за предметот со К. бр. 1339/24, поврзан со двојното убиство на малолетната В. Ѓ. и велешанецот П. Ж. од ноември 2023 година, ја известуваме јавноста дека: ЈЗУ Универзитетската клиника за нефрологија во Скопје, на 2.10.2024 година, го извести Основниот кривичен суд Скопје дека притвореникот Б. В., кој е еден од обвинетите во конкретниот предмет, од КПУ ‘Затвор Скопје’ е префрлен и хоспитализиран во наведената клиника поради влошена здравствена состојба.

Имајќи го предвид известувањето, а поради економичност и ефикасност на постапката, расправите насрочени за 7 и 9 октомври 2024 година ќе бидат отповикани, а судењето ќе продолжи на следниот веќе насрочен термин, 14.10.2024 година, во 10 часот, за што странките во постапката се веќе известени“, информираат од Кривичниот суд.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk