Home » Критериумите за членство на С. Македонија во ЕУ се јасни и треба да бидат исполнети

Критериумите за членство на С. Македонија во ЕУ се јасни и треба да бидат исполнети

by Журнал.мк

Критериумите за членство на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ) се многу јасни. Не очекувам никаква промена на Преговарачката рамка и не сметам дека државите-членки сакаат да ги преразгледаат условите за пристапување, вели еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји во интервју за БГНЕС.

На прашање дека во изминатите месеци некои македонски политичари тврдат дека може да има измени во Преговарачката рамка и дали има можности за промена на условите, што Северна Македонија треба да ги исполни, Вархеји рече дека критериумите за членство се јасни.

„Критериумите се многу јасни од 2022 година наваму, кога беше усвоена Преговарачката рамка. Тие треба да бидат исполнети и во таа смисла не очекувам никаква промена. Не сметам дека државите-членки ќе ги преразгледаат условите. Јасно е дека тие треба да бидат исполнети“, рече Вархеји.

Еврокомесарот изрази надеж дека веднаш по изборите новата Влада на Северна Македонија ќе ја преземе оваа работа и оти земјава ќе продолжи напред со исполнување на критериумите.

Во однос на Србија, Вархеји кажа дека критериумите за Србија исто така се многу јасни.

„Добрососедските односи се дел од условите за пристапување во ЕУ за секоја од земјите-кандидатки. Србија има напредок на својот пат кон ЕУ. Ако погледнете кон Кластер 3, тој е подготвен да биде отворен. Исто така е јасно дека имплементирањето на Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ за руската агресија врз Украина, се претвори во уште поважна тема за кандидатите. Сега државите-членки на ЕУ гледаат уште повнимателно на нејзиното имплементирање“, додаде Вархеји.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More