Португалецот Кристијано Роналдо го доби веројатно најоригиналниот подарок за својот 40. роденден, откако неговата биста беше откриена на „Тајмс сквер“ во Њујорк.
Тоа е рачно дело на италијанскиот уметник Серџо Фурнари, познат, меѓу другото, и по создавањето на иконската њујоршка фотографија „Ручек на врвот на облакодер“ направена од теракота и челик. Сега тој создаде бронзена скулптура висока 3,6 метри за да ја „овековечи суштината на Роналдо не само како спортист, туку и како културна икона која инспирираше милиони луѓе ширум светот“, рече уметникот во соопштението за печатот.
„Кристијано Роналдо е повеќе од фудбалер, тој е симбол на упорност, извонредност и глобално единство што ме инспирираше да го создадам ова ремек дело“, изјави Фунари.