Home » Красниќи: Дијалогот е единствениот пат до решение за споровите меѓу Косово и Србија

Красниќи: Дијалогот е единствениот пат до решение за споровите меѓу Косово и Србија

by Журнал.мк

Лидерот на најголемата опозициска партија во Собранието на Косово, Демократската партија на Косово (ПДК), Мемли Красниќи вели дека го поддржува дијалогот со Србија, бидејќи, според него, нема друга алтернатива за решавање на споровите и нормализирање на односите меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешното интервју за телевизијата АТВ, Красниќи рече дека меѓусебното признавање со Србија треба да се случи „без да се повреди Уставот на Косово и со заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата“.

– Ставот и пристапот на ПДК во однос на дијалогот останува константен и непроменет, и кога ја имавме одговорноста на владеење со државата и сега, кога сме во опозиција, веќе две години. Ние веруваме дека дијалогот е механизам без алтернатива за да се постигне сеопфатно решение за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, што ќе резултира со меѓусебно признавање меѓу нашите две држави, секогаш во рамките на постоечкиот уставен поредок и на нашиот суверенитет и територијален интегритет, изјави Красниќи.

Од владата на Албин Курти, рече опозицискиот лидер, се очекува „поголема проактивност и сериозност“ во пристапот кон решавањето на споровите со Србија.

– Нам ни е јасно дека уставната и законската одговорност е на премиерот Курти и на владата за да ги преземат потребните чекори во тој правец и да го водат дијалогот. И доколку еден договор во тие рамки може да се постигне – а ние веруваме дека може – ПДК ќе го поддржи тоа, изјави Красниќи.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More