Home » Кралот на поп музиката заработил огромно богатство

Кралот на поп музиката заработил огромно богатство

by Lina Muslija

Покрај долгот од 500 милиони долари, додаден е и данок од дополнителни 700 милиони!

На крајот на јуни ќе се навршат 15 години од смртта на кралот на поп музиката Мајкл Џексон. Иако заработил огромно богатство во текот на својот живот, неговите деца – Принц (27), Парис (26) и Биги (22) сè уште се борат по судовите за трошка од неговото наследство.

За работите да бидат уште поинтересни, Мајкл продолжил да „заработува“ милиони и по неговата смрт благодарение на безвременските хитови, но парите одат во рацете на други луѓе, а не кај неговите деца. Приходите од авторските права му носат милиони, па според некои проценки мртвиот Мајкл Џексон „заработува“ повеќе од многу живи пејачи. Сепак, според „Селебрити нет ворт“ (Celebrity Net Worth), проценетото богатство на Мајкл Џексон во моментот на неговата смрт изнесувало 500 милиони долари. Токму толку должел поради наводни кредити и позајмици. Наводно, тој трошел околу 50 милиони годишно на раскошен живот и луксуз, па сите пари ги потрошил и практично, пред самата смрт, бил пред банкрот, па затоа најавил повратничка турнеја, која никогаш не се случила.

Според тестаментот, 40 отсто од имотот им оставил на своите деца, да го поделат подеднакво. Дваесет отсто оставил на разни детски организации, а останатите 40 отсто на неговата мајка Кетрин. Дури по нејзината смрт тие 40 отсто ќе преминат кај неговите деца, што значи дека тие тројца ќе делат 80 отсто од наследството на нивниот славен татко.

И додека други ги „развлекувале“ неговите пари, деценија и пол неговите деца се мачат да преживеат, поради што со години водат судски спор со федералната агенција (ИРС), која на секој начин се обидува да ги узурпира правата на наследниците на Џексон.

Имотот на кралот на поп музиката беше предмет на ревизија на ИРС пред неколку години, а според судските документи до кои дојде магазинот „People“, агенцијата тврди дека „го потценила имотот на пејачот“, мислејќи на ранчот Неверленд, што резултирало со дополнителни 700 милиони долари во даноци и казни, кои остануваат на товар на неговите деца.

Принс, Парис и Биги чекаат судот да ја утврди вредноста на музичкиот каталог на Мајкл, кој е во сопственост на Сони. Додека чекаат да се реши проблемот со одбивањето на данок,  финансиските исплати на наследниците на Мајкл и неговата мајка се целосно запрени.

Адвокатите на семејството Џексон сега побарале да се префрли некаква исплата во семејниот фонд, но извршителите на тестаментот на Мајкл, Џон Бранка и Џон Меклејн, го одбиле барањето. Тие тврдат дека е невозможно „да се утврди сумата што би можела безбедно да се исплати во овој момент“ на наследниците.

Неговиот најмлад син Биги, како и мајката на Мајкл Џексон, Кетрин, биле многу вознемирени кога Бранка и Меклејн склучиле договор за продажба на половина од музичкиот каталог на Мајкл со музичката компанија Сони во вредност од 600 милиони долари. Тие поднеле тужба, но судот не пресудил во нивна корист. Кетрин сакала да поднесе жалба, но Биги не сакал да продолжат со скапите судски битки.

Потсетуваме, на ранчот Неверленд, купен во 1987 година за 19,5 милиони долари, Мајкл го помина најголемиот дел од својот живот. Поранешниот имот во кој имаше забавен парк, егзотични животни, воз за разглед на имотот… Се простира на 2.700 хектари, а беше направен обид да се продаде за 100 милиони долари. Сепак, тоа не помина, па имотот беше реновиран, името променето, а цената падна на 65 милиони долари, но ниту тоа не помогна. Конечно, во декември 2020 година, беше објавено дека милијардерот Рон Буркл се согласил да го купи Неверленд за 22 милиони долари. Сепак, сè уште не е јасно дали тоа воопшто се случило и каде се парите од продажбата.

И додека адвокатите се борат по судовите и ги полнат џебовите, децата на Мајкл Џексон се обидуваат да преживеат, иако нивниот татко бил еден од најбогатите музичари во светот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More