Home » Крадат од маркети: СДСМ не се способни ни оригинална кампања да смислат

Крадат од маркети: СДСМ не се способни ни оригинална кампања да смислат

by Журнал.мк

Со логото на СДСМ и со слоганот „Повеќе за сите“ Скопјани ги дочекаа стотици билборди низ главниот град на Македонија.

Само со мала проверка, може да се заклучи дека традицијата на СДСМ за „позајмување“ на политички слогани од други партии и компании продолжува.

Слоганот „Повеќе за сите“ пред само неколку месеци го употребува во својата кампања синџирот на супер маркети од Холандија „Шпар“, додека, пак, пред 2 години овој слоган го употребил уште еден ланец на продавници „Лидл“.

Во 2008 година СДСМ на изборите искористи лого од фирма за банани, а оваа година од супер маркети. Останува непознато на што се должи фасцинацијата на оваа партија од фирми со ваков тип на стопанска дејност.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More