Home » Ковид сертификатите на разгледување пред Уставен суд

Ковид сертификатите на разгледување пред Уставен суд

by Журнал.мк

Четири иницијативи за утврдување на уставноста се на дневен ред на петтата седница на Уставниот суд на Северна Македонија, што ќе се одржи денеска.

Како што соопштија од прес-службата на Уставен суд, првата иницијатива која ќе биде разгледана е поднесена од еколошката групација „Грин Пауер” од Велес, Движење за социјална правда „Ленка” од Скопје и политичка партија „Левица” од Скопје.

Втората иницијатива се однесува за одлуката на здравствените власти со која се забранува влез во објекти и делови од објекти наведени во одлуката, без поседување и приложување на: сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза од вакцина против заразната болест COVID-19 и сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Останатите две иницијатива кои се најавени дека денеска ќе бидат разгледани од уставните судии се од делот на Законот за данок на личен доход и за исплата на регрес на комунално претпријатие во Делчево.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More