Home » Ковачевски во Брисел – ќе се сретне со Столтенберг, претседателот на Европскиот Совет Мишел и претседателката на ЕП Роберта Мецола

Ковачевски во Брисел – ќе се сретне со Столтенберг, претседателот на Европскиот Совет Мишел и претседателката на ЕП Роберта Мецола

by Журнал.мк

Премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска и утре првпат откако е на функција ќе оствари посета на седиштата на ЕУ и НАТО во Брисел.

Ковачевски утрово ќе се сретне прво со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. На средбата ќе бидат присутни и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Предвидена е заедничка прес-конференција на Ковачевски и Столтенберг околу 9.30 часот.

Попладне премиерот Ковачевски ќе има средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел како и со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.

Средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е предвидена в петок претпладне.

Димитар Ковачевски ќе има средби со и членови на Европскиот парламент и со поранешниот еврокомесар за проширување, Јоханес Хан.

Што се однесува до сегашниот еврокомесар за проширување Оливер Вархеји, тој се наоѓа на пат, информираа од Европската комисија.

Освен Османи и Петровска, премиерот Ковачевски во Брисел ќе го придружува и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More