Премиерот Димитар Ковачевски утре и задутре ќе биде во официјална посета на седиштата на ЕУ и НАТО во Брисел, прва откако стапи на функцијата.
Ковачевски утре наутро ќе се сретне прво со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а на средбата ќе бидат присутни и министрите за надворешни работи и за одбрана, Бујар Османи и Славјанка Петровска.
Утре попладнето премиерот Ковачевски ќе има средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, како и со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.
Средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, е предвидена во петок претпладне.
Ковачевски ќе има средби со и членови на Европскиот парламент и со поранешниот еврокомесар за проширување, Јоханес Хан, но не и со актуелниот еврокомесар за проширување Оливер Вархеји, бидејќи тој, како што информира Европската комисија, бил на пат.
Освен Османи и Петровска, премиерот Ковачевски во Брисел ќе го придружува и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.