Home » Ковачевски: Со Мицкоски нема да имаме средба за кадровските решенија, ќе разговараме за другите елементи за изборите

Ковачевски: Со Мицкоски нема да имаме средба за кадровските решенија, ќе разговараме за другите елементи за изборите

by Журнал

Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска нагласи дека со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема да се сретнат за кадровските решенија со кои ќе учествуваат во техничката влада.

-За кадровски решенија, не можеме да се сретнеме, затоа што секоја политичка партија ги дава своите кадровски решенија во техничка или која било друга коалициска влада. По својата форма и суштина, оваа влада е коалициска во која ќе учествува и опозицијата со точно определени ресори според Законот за избори и Законот за Влада, рече Ковачевски при посетата на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

Премиерот потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ треба да ги соопшти своите кандидати за техничката влада и да ги достави до Владата и Собранието.

-Тие треба да ги соопштат своите кандидати и да ги достават до Владата и до Собранието подоцна за да можат да бидат избрани, така што тоа е воспоставена процедура, а секако дека ќе се сретнеме за да поразговараме околу другите елементи за изборите, рече Ковачевски.

Посочи дека се уште не е прецизиран датумот за средба со Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот Извршен комитет донесе одлука да учествува во техничката влада. Тимчо Муцунски, член на ова партиско тело, вчера информираше дека на Централниот комитет на партијата се очекува да се донесе одлука да се овласти претседателот на партијата Христијан Мицкоски да ги одбере лицата кои ќе бидат дел од техничката влада.

Муцунски одговарајќи на новинарско прашање рече дека за министрите и замениците министри од нивната партија за техничката влада ќе се знае после Водици. Прашан дали има ли краен рок до кога ќе биде донесена одлуката за министрите кои ќе бидат во техничка влада, Муцунски одговори дека одлуката ќе биде донесена до крајот на јануари.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More