Home » Ковачевски на средбата со Мета: Исполнивме сѐ, на ред е ЕУ

Ковачевски на средбата со Мета: Исполнивме сѐ, на ред е ЕУ

by Журнал.мк

Двете земји досега исполнија сѐ што од нив беше побарано, сега на ред е Европската Унија, кажал претседателот на СДСМ и мандатар за состав на нова македонска влада, Димитар Ковачевски на денешната средба со претседателот на Албанија Илир Мета. Македонија со „едно општство за сите“ е уникатен пример и е очигледно дека е постигнат голем напредок, рекол Мета.

„Република Северна Македонија и Република Албанија како соседни пријателски земји, делат исти вредности и имаат заедничка иднина. Таа заедничка иднина е во ЕУ и убеден сум дека наскоро и двете земји ќе ги почнат преговорите за членство во Унијата зашто ги исполнија сите услови“, кажал Ковачевски како што соопшти неговата партија СДСМ.

Во фокусот на средбата биле темите за меѓусебна соработка, иницијативата Отворен Балкан и процесот на евроинтеграција.

Мета истакнал дека е очигледен напредокот што Македонија, како што стои во соопштението, го постигнала во изминатите неколку години, го поздравил концептот „Едно општество за сите”, квалификувајќи го како уникатен пример во регионот и истакнал дека почнувањето преговори на Албанија и Северна Македонија не само што е важно за двете земји, туку тоа е во интерес на целиот регион на Западен Балкан.

Ковачевски изразил уверување дека досегашната соработка помеѓу двете земји дополнително ќе се интензивира преку Отворен Балкан.

Во однос на билатералната и регионална соработка, истакнал дека Отворен Балкан е важен чекор кон унапредување на соработката меѓу државите, носи нови можности за економски раст и развој.

„Сепак, Ковачевски смета дека тоа не е алтернатива за членството во ЕУ, но може да биде од сериозна помош при пристапувањето во Унијата“, се вели во соопштението од средбата.

Ковачевски најавил интензивирање на инфраструктурите проекти на Коридорот 8 што ќе обезбеди, како што кажал, подобро поврзување на Северна Македонија и Албанија.

На средбата Ковачевски – Мета присуствуваше и секретарот за меѓународна соработка, Бојан Маричиќ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk