Home » Ковачевски на средба со амбасадорот Силвестри: Сметаме на поддршката на Италија на нашата интеграција во ЕУ

Ковачевски на средба со амбасадорот Силвестри: Сметаме на поддршката на Италија на нашата интеграција во ЕУ

by Журнал.мк

Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада, Димитар Ковачевски заедно со секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ оствари средба со амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри.

Ковачевски се заблагодари на поддршката што Италија како партнер и сојузник ја дава кон Северна Македонија особено во делот на реформскиот процес и процесот на интеграција на нашата земја во ЕУ и најави дека новата влада предводена од СДСМ ќе се посвети на реформите важни за евроинтегративниот процес и унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани.

„Новата Влада предводена од СДСМ ќе се посвети на справување со последиците од енергетската криза, зајакнување на економскиот стандард и неселективна борба против корупција. Ова се важни прашања за нашите граѓани, но и за нашиот интегративен процес кон ЕУ, затоа што преку структурните реформи, европските вредности ги носиме дома. Италија е силен поддржувач на Северна Македонија во процесот на нашето приклучување на ЕУ и сметаме на ваша силна и видлива поддршка и во иднина, со цел нашата држава да ги започне преговорите за членство во ЕУ, затоа со сето она што досега го постигнавме, заслужуваме прва меѓувладина конференција и отворање на првите поглавја“ порача Ковачевски.

Амбасадорот Силвестри го поздрави напредокот во важните сектори што го постигна Северна Македонија во изминатите години, додавајќи дека Италија ќе продолжи да биде силен поддржувач и промотор на проширувањето на ЕУ и изрази уверување дека наскоро ќе се создадат услови Република Северна Македонија да ги започне преговорите за членство во Унијата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More