Home » Ковачевски и Спасовски ќе добиваат апанажа од 2.500 евра

Ковачевски и Спасовски ќе добиваат апанажа од 2.500 евра

by Журнал

Собраниската Комисија за избори и именувања ги прифатила барањата за апанажа на поранешниот премиер Димитар Ковачевски и екс-министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Ковачевски и Спасовски аплицирале и добиле апанажа од 2.500 евра во следните 12 месеци.

Освен правото на апанажа, Ковачевски побарал и добил право на користење на службено возило, што на поранешниот премиер му следува согласно законот за возила.

Правото на апанажа ќе го користат и поранешните членови на Комисијата за заштита од дискриминација, поранешната претседателка Весна Бендевска и членот Исмаљ Камбери.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More