Home » Ковачевски и Мицкоски договориле средба

Ковачевски и Мицкоски договориле средба

by Журнал.мк

Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски  се слушнал со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и  договориле средба која треба да се случи наскоро.

„Утрово му се јавив на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и се договоривме наредниот период, многу скоро, да организираме средба. Таа средба можеше да се случи и порано, но заради зафатената агенда во Владата, како и заради тоа што двајцата секретари на СДСМ беа во изолација поради инфекција со вирусот, денеска почнавме со организација на таа средба и таа ќе се случи наскоро“, изјави Ковачевски во интервју за националниот сервис МРТ1.

Тој смета дека е природно и нормално двете партии – најголемата на власт и во опозиција, да комуницираат меѓу себе бидејќи, како што рече, пред нас имаме многу предизвици кои се поврзани со справувањето со здравствената пандемија, со енергетската и топлинската криза во државата, како и со евроинтеграцискиот процес. Евроинтегративниот процес, рече тој, не го гледа само низ разговори со Бугарија, туку и како еден цел концепт на реформи во македонското општество, вклучително и реформи во правосудството, реформи во борбата против корупцијата и криминалот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More