Home » Ковачевски: До овој момент не постои финален договор со коалициските партнери

Ковачевски: До овој момент не постои финален договор со коалициските партнери

by Журнал

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски информираше дека разговорите со коалициските партнери во однос на претстојните избори се одвиваат на регуларно ниво, но до овој момент не постои финален договор. Тој посочи дека се одвиваат разговори чија цел е правење на коалиција меѓу политичките партии кои делат исти вредности и визија за државата, а тоа е Северна Македонија што поскоро да стане членка на Европската Унија.

Разговорите со коалициските партнери се одвиваат на регуларно ниво. До овој момент не постои финален договор, што е и нормално бидејќи се уште се наоѓаме во фаза кога изборите не се распишани. Но, има разговори, со цел на правење коалиција на политички партии кои имаат исти вредности а тоа е Северна Македонија да биде членка на ЕУ, наспроти други политички партии кои што застапуваат алтернативни решенија, кои што не ги ни објаснуваат, рече денеска Ковачевски одговорајќи на новинарско прашање, за време на заедничката прес-конференција со премиерот Талат Џафери, по примопредавањето на функцијата во Владата.

Што се однесува до другите оперативни активности поврзани со изборите, Ковачевски најави дека денеска во 18.30 часот ќе биде отворена промотивна канцеларија на СДСМ на улица „Македонија“ во Скопје и потенцираше дека е во тек постапката за кандидирање кандидати за претседател на државата и кандидати за пратеници.

-Денеска во 18.30 часот ќе биде отворена промотивна канцеларија на улица „Македонија“, каде што ќе има голем број на наши членови, симпатизери и граѓани и каде ќе можеме да ги започнеме и поконкретните активности. Оперативните активности веќе се подготвуваат и во другите градови. Тече и постапката за кандидирање на кандидати за претседател на државата и на кандидати за пратеници и која се одвива согласно динамиката усвоена во правилникот и роковникот од Централниот одбор, додаде Ковачевски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More