Home » Ковачев: Македонија не може да користи дипломатски потези за промена на Преговарачката рамка

Ковачев: Македонија не може да користи дипломатски потези за промена на Преговарачката рамка

by Журнал.мк

Како кандидат за членство во Европската унија, се очекува Македонија да ја почитува Преговарачката рамка што е усвоена во нивниот парламент. Македонија не може да го промени тоа со дипломатски потези во Париз, Берлин или Вашингтон, изјавил бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев.

Ги обвинува македонските власти дека, како што вели, се обидуваат да ја претстават Бугарија како земја која не го признава нашиот идентитет и јазик.

-Работите како што се претставени од нивна гледна точка воопшто не соодветствуваат со реалноста. Бугарија отсекогаш имала најдобри намери кон РСМ. Ние први ги признавме (како независна држава), посочил Ковачев во интервју за „БНР“.

Ковачев истакнал дека нашата земја мора да ги прифати измените на Уставот, каде што се наведени деловите на народите, како и да ги исполни договорите што ги потпишала со Бугарија. Тој изразил надеж дека Народното собрание на Бугарија ќе најде време да го дополни Законот за бугарско државјанство, односно да има церемонија на доделување и јавен регистар на сите кои добиле бугарско државјанство, како и да има можност да се одземе кога ќе има јасни сигнали за говор на омраза против Бугарија.

-Имплементацијата на двата договори – Преспанскиот и потпишаниот од Зоран Заев и Бојко Борисов во 2017 година, заедно со двата протоколи, се дел од Преговарачката рамка според која Европската комисија е обврзана да го оцени напредокот на РС Македонија на патот кон евроинтеграциите, кажал европратеникот од редовите на ГЕРБ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk