Home » Костовски: Отворен новиот спортско-рекреативен центар „Радишани“ во дворот на ООУ „Ацо Шопов“

Костовски: Отворен новиот спортско-рекреативен центар „Радишани“ во дворот на ООУ „Ацо Шопов“

by Журнал.мк

Во населбата Радишани денеска беше свечено отворен новиот спортско-рекреативен центар „Радишани“, кој се наоѓа во дворот на ООУ „Ацо Шопов“. Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, заедно со учениците, официјално го пушти во употреба овој современ комплекс, кој ќе овозможи подобри услови за спорт и рекреација.

„Ова е место на кое пораснаа многу генерации, но за жал, изминатите години беше целосно запуштено, а игралиштата руинирани. Сега повторно го враќаме животот во овој простор“, истакна градоначалникот Костовски.

Новиот спортски центар се простира на повеќе од 4000 м² и нуди бројни содржини:
✅ Фудбалско игралиште со вештачка трева, нова челична ограда и ЛЕД осветлување
✅ Баскет игралиште со специјална ФИБА подлога
✅ Фитнес зона за вежбање и рекреација
✅ Ново детско игралиште
✅ Тениско игралиште со акрилна подлога

Дополнително, градоначалникот најави дека наскоро во рамките на ООУ „Ацо Шопов“ ќе започне изградбата на затворен пливачки базен, кој ќе го збогати овој спортски комплекс.

„Општина Бутел се менува. Граѓаните го добиваат тоа што го заслужуваат – модерна, урбана општина со многу содржини“, порача Костовски.

Со овој проект, Општина Бутел продолжува со својата визија секое населено место да добие современ спортско-рекреативен центар до крајот на мандатот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk