Home » Костовски: Новата градинка во Бутел 2 е инвестиција што носи достоинство, грижа и надеж за децата

Костовски: Новата градинка во Бутел 2 е инвестиција што носи достоинство, грижа и надеж за децата

by Журнал.мк

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денес го промовираше започнувањето на градежните работи на новата детска градинка во населбата Бутел 2, која претставува најголема општинска инвестиција во овој сегмент досега.

На местото на стариот објект изграден во 1964 година, сега се гради современа и модерна градинка која ќе ги исполни сите стандарди за згрижување и едукација на децата од предучилишна возраст. Изградбата се одвива со брзо темпо и се очекува да биде завршена во предвидениот рок.

„Новиот објект ќе има површина од 1800 квадратни метри и ќе содржи 3 посебни влеза, 7 занимални – секоја со своја спална соба, 2 дополнителни простории со заеднички спален простор, како и една модерна просторија за доенчиња. Дополнително, ќе има посебен простор за изолација и здравствена нега, заедно со специјална кујна за подготовка на храна за најмалите“, напиша Костовски.

Капацитетот на градинката ќе биде за 200 деца, со што ќе се задоволи една долготрајна потреба на жителите од населбата Бутел 2.

„По многу години со неисполнети ветувања, конечно ја донесуваме оваа капитална инвестиција во Бутел 2. Оваа градинка е доказ за нашата посветеност кон една модерна и европска општина“, додаде градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

Според Костовски, овој проект е дел од визијата за подобрување на условите за живеење во Општина Бутел и поддршка на младите семејства.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk