Home » Костадиновска Стојчевска: Наредната недела изведувачот ќе почне со работа на Универзалната сала

Костадиновска Стојчевска: Наредната недела изведувачот ќе почне со работа на Универзалната сала

by Журнал

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денеска на прес-конферемција информираше дека се собрани сите потребни документи за Универзалната сала во Скопје и веќе наредната недела изведувачот ќе почне со работа.

– Поминавме еден многу интересен период во однос на примопредавањето на документацијата со Универзалната сала. Никој не претпоставуваше дека ќе молиме да ни се предаде целосната документација затоа што и нам, на Министерството за култура, ни следуваат рокови. Ги собравме сите релевантни документи по подолгиот и потешкиот пат, рече Костадиновска Стојчевска на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање.

Таа посочи дека останува уште да се потпише договорот за банкарска гаранција и веќе наредната недела изведувачот таму ќе почне со работа. Како што подвлече, процесот е затворен и ќе може да се почне со реконструкција.

-Веќе наредната недела изведувачот ќе почне да го расчистува објектот и да гради, затоа што ги имаме парите, ги обезбедивме и ги завршивме сите потребни процедури и крајно време е таму да започне работата. Но, ни крај памет на мене како министерка а верувам ниту на граѓаните не им беше дека за еден ваков проект, кој што навистина не треба да биде предмет на некакво препукување, ќе треба да молиме за целосна документација, додаде Костадиновска Стојчевска.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More