Home » Костадинов: Тврдам, водата е исправна, ова е фашистичка операција врз Струмица и струмичани

Костадинов: Тврдам, водата е исправна, ова е фашистичка операција врз Струмица и струмичани

by Журнал.мк

Одговорно тврдам, а потврда за тоа ќе бидат резултатите кои утре повторно ќе бидат објавени, дека водата во Струмица е исправна и хемиско-физичкиот состав и микробиолошки, објави вечерва на својот фејсбук профил градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, откако денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека водата за пиење не е исправна поради присуство на колиформни бактерии, а присуството на манган е во границите на дозволеното.

Според Костадинов, борбата против Струмица продолжува и како што напиша „чекаа, калкулираа и денес преку медиуми се научивме дека не ни даваат решение за водата“.

-Решивте на грбот на народот да правите политика, скапо ќе плати некој за оваа фашистичка операција врз Струмица и струмичани. Наскоро вистината и за водата, но и за сите притисоци, врз инспектори, врз вработени во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) само да не се кажуваат јавно резултатите оти истите не се во прилог на политиката на Цветан Трипуновски, напиша струмичкиот градоначалник.

Додава дека „струмичани се трпеливи, издржале многу неправди и злобни работи и ќе го издржат и ова“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk