Home » Костадинов: Профитот на компаниите е поголем поради зголемениот обем на потрошувачка

Костадинов: Профитот на компаниите е поголем поради зголемениот обем на потрошувачка

by Журнал.мк

Потпретседателот на Сојузот на стопански комори Ромео Костадинов во Аргумент плус рече дека анализата која ја направил Сојузот покажала дека профитните маржи не се покачени туку е зголемен обемот на потрошувачка.

„Анализата требаше да даде одговор кој е причинителот за растот на цените. Во тој поглед анализата покажа дека профитните маржи не се покачени туку покачен е обртот, вкупниот приход не е цел на покачена маржа тоа е зголемен обем на потрошувачка што значи некој друг е креатор на тој двигател. Во тие улсови на Ковид и војната во Укрина се нарушија пазарните законитости кои допринесоа да имаме зголемување и на набавната цена која се покачи и во Европа. Профитната маржа не бележи осетно зголемување. Имаме потрошувачка која е произлезена од други активности кои треба да се испитаат“, рече Костадинов.

Тој објасни дека со покачувањето на реагенсите и суровините нормално е да се покачат и цените.

„Прво се покачија реагенсите, кога се покачени тие нормално е и цената да се покачи. Се покачија суровините кои влијаат во цената, не е само енергијата тука е и недостатокот на работна сила, покачување на платите. Платите влијаат на потрошувачката. Обемот на поторшувачка се зголеми, профитната маржа остана иста. Профитот е поголем, маржата е иста профитот е зголемен како резултат на зголемен промет“, додаде Костадинов.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk