Home » Костадинов пак провоцира: Македонија е втора бугарска држава

Костадинов пак провоцира: Македонија е втора бугарска држава

by Журнал.мк

Со доаѓањето на Трамп на власт, во историјата заминува цела идеологија која ги одбележа последните 15 години – таканаречениот неолиберализам, кој не треба да се меша со либерализмот. Либералната идеја е добра работа која во 19 и 20 век доведе до ослободување на цели народи и духот на човештвото. Додека неолибералната идеја е нешто многу античовечко. Трамп е еманација на процесот на отпор и борба против овие античовечки перверзии на неолиберализмот“, изјавил контроверзниот бугарски политичар и лидер на партијата, Преродба, Костадин Костадинов во дебатна емисија на една бугарските телевизии.

По неодамнешните провокаторски изјави во однос на Македонија, политичарот од нашиот источен сосед повторно продолжи со навредите кон земјава. Тој посочи дека политичката програма на Преродба „јасно ги зацртува насочените дејствија за обединување на двете бугарски држави“.

„Истото важи и за Јужна Бесарабија – територија која до денес е населена со Бугари и која првпат била населена од Бугари во 6 век од прабугарски и словенски племиња. Мораме јасно и категорично да му кажеме на целиот свет и гласно – Македонија е втора бугарска држава и нема ништо пологично од тоа да се обединат двете бугарски држави“, истакнал Костадинов.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk