Луксузната вила на организаторот на нападот во Косово, Милан Радојчиќ, која се наоѓа на езерото Газивода, ќе биде пренаменета во полициска станица за косовските полицајци, најави министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла.
На прес-конференција, Свечла изјави дека вилата била изградена на земјиште во сопственост на Агенцијата за шумарство на Косово и дека побарал од министерот за земјоделство таа да биде пренаменета во полициска станица.
„Сакаме да биде користена од полицијата како станица за единицата со чамци“,
изјави косовскиот шеф на полицијата.