Home » Кошутиќ: Затекнавме девастирана состојба во МЖ Транспорт, работилница без алати и четири кинески локомотиви кренати на канал

Кошутиќ: Затекнавме девастирана состојба во МЖ Транспорт, работилница без алати и четири кинески локомотиви кренати на канал

by Журнал.мк

Лоша состојба е благо да се рече, затекнавме девастирана состојба, како во возниот парк, како во комерцијалниот дел, расположението кај вработените кои немаше кој да ги насочи каде, изјави Дејан Кошутиќ, директор на МЖ Транспорт, во вечершното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

Меѓутоа, вели тој, ситуацијата и во тој аспект е видно изменета.

„Благодарен сум на сите вработени во Македонски железници, од менаџментот, техничките служби, извршниот персонал. Морам, пред сè, да ги издвојам од делот Одржување, затоа што во изминатите месеци направија нешто што буквално беше на граница меѓу теорија и хипотетика. Работнилницата не личеше на ништо. Делови, алати нема, меѓутоа се мобилизираа веднаш кога почувствуваа дека ние, буквално фронтално ќе одиме во ресетирање на работата на Македонски железници – Транспорт. Работилницата проработе. Начекавме четири локомотиви, кинески, кои се релативно нови, од пред шест-седум години и она што го видов беше жалосно за гледање. Кренати на канал, без сменети тркала, без алат. Колегите од Одржување сами го направија алатот за да се сменат тркалата, затоа изгубивме два месеца“, раскажува Кошутиќ.

Тој додаде дека благодарение на тоа, сега компанијата има три оперативни локомотиви, од април и четвртата ќе биде вратена во операција.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk