Home » Кошаркарот призна на Инстаграм дека повторно ја изневерил Кардашијанката и дека чека дете со друга жена

Кошаркарот призна на Инстаграм дека повторно ја изневерил Кардашијанката и дека чека дете со друга жена

by Журнал.мк

Кошаркарот Тристан Томпсон пред неколку часа потврди на Инстаграм дека повторно ја изневерил Клои Кардашијан.

Тој на првото Инстаграм стори го потврдил татковството за новородениот син на манекенката Марали Николс, а на второто ѝ се извинил на Клои Кардашијан.

„Денеска резултатите од тестот за татковство открија дека имам дете со Марали Николс. Преземам целосна одговорност за моите постапки. Сега кога е утврдено татковството, се радувам на пријателското воспитување на нашиот син. Искрено им се извинувам на сите кои ги повредив или разочарав во текот на ова искушение, јавно и приватно“, напишал Тристан.

Потоа во втората објава ѝ се извинил на поранешната девојка, Клои Кардашијан, со којa ја има ќерката Тру, а ова не е првпат кошаркарот да е фатен во неверство.

„Клои, не го заслужуваш ова. Не ја заслужуваш болката и понижувањето кои ти ги нанесов. Не го заслужуваш начинот на кој се однесував кон тебе во текот на годините. Моите постапки се спротивни од начинот на кој те гледам. Кон тебе чувствувам најголема почит и љубов, без оглед на тоа што мислиш. Повторувам, многу ми е жал“.

За потсетување, минатата пролет излезе веста дека Томпсон ја изневерил Клои со манекенката Сиднеј Чејс која во подкастот „No Jumper“ ја признала аферата со кошаркарот. Како што тогаш рекла, не знаела дека тој е во врска.

Еден од првите скандали во нивната врска се случи кога Кардашијанката дозна дека Тристан ја изневерил со Џордин Вудс, тогашната најдобра пријателка на нејзината сестра, Кајли Џенер.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk