Home » Кошаркарите на тешко гостување кај Ангели, Мега Баскет домаќин на Бутел, Црн Дрим гостува во Струмица

Кошаркарите на тешко гостување кај Ангели, Мега Баскет домаќин на Бутел, Црн Дрим гостува во Струмица

by Журнал.мк

Пред кошаркарите на Соколи е ново тешко гостување, откако во рамки на 17. коло на Втората лига ќе се соочат со Ангели.

Оваа ќе биде дерби на две екипи кои се израмнети на врвот од табелата и екипи кои го посакуваат првото место. Соколи во претходното коло имаа повеќе од тежок натпревар на домашен терен кој го загубија од Маџари, а пред штипјани сега е уште еден тежок натпревар.

Овој меч е закажан за во сабота од 15 часот и се игра во спортската сала „Независна Македонија“ во Скопје.

Мега Баскет на домашен терен во Прилеп ќе се соочи со тимот на Бутел, оваа ќе биде соочување од средишниот дел на табелата, а пак Маџари како голем фаворит на домашен терен ќе игра против вториот тим на МЗТ Скопје. Овие натпревари се играат во сабота.

Во недела ланскиот прволигаш Охрид на домашен терен ќе игра со Водно Санс, каде и двете екипи силно посакуваат триумф за можен прогрес на табелата. Струмица на домашен терен ја очекува повеќе од тежок натпревар со Црн Дрим, каде стружани ќе бидат фаворити за триумф, а струмичани под тежок притисок ќе бараат триумф и позитивен резултат во борбата за опстанок.

Во Велес екипата на Борец Баскет ќе се соочи со последнопласираниот Работнички 2018.

Во однос на табелата Ангели, Маџари и штипски Соколи се израмнети со по 29 бодови.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk