Home » Корупцијата во Македонија не стивнува според месечниот извештај на Транспаренси Интернешнл-Македонија

Корупцијата во Македонија не стивнува според месечниот извештај на Транспаренси Интернешнл-Македонија

by Журнал.мк

Истрагата за врховниот судија Наке Георгиев и членот на судскиот совет Иџет Мемети се меѓу најматните корупциски случаи за изминатиот месец, според извештај од Барометарот за корупција кој се спроведува од страна на Транспаренси Интернешнл-Македонија.

„Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му одреди 30 дена притвор на врховниот судија Наке Георгиев, откако тој беше уапсен поради наводно примање на поткуп од 10.000 евра, односно за дело примање награда за противзаконито влијание. Сомнежи се дека Иџет Мемети заедно со Наке Горгиев имал влијание злоупотребувајќи ја позицијата член на Совет на јавни обвинители“, Извештај на Транспаренси Интернешнл-Македонија во „Бистро-Матно“, соопштија во Извештајот на Транспаренси Интернешнл-Македонија.

Во извештајот е забележано и тоа дека дел од функционерите останаа во извршната власт иако им беа верификувани мандатите. Од антикорупциска им посочија дека функција премиер и министер е неспоива со вршење на други јавни функции.

„Уставот и законите треба подеднакво да важат за сите граѓани на државата, вклучувајќи ги и актуелните, но и претходните функционери, поради што се повикуваат лицата кои се на највисоките државни функции и вршат јавни овластувања, на обврската за почитување на начелата за законитост и интегритет, според соопштението на антикорупциска“, се вели во Извештај на Транспаренси Интернешнл-Македонија во „Бистро-Матно“.

Меѓу матните настани е и иницијативата на Антикорупциската комисија која иницираше одговорност за директорката и Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, поради прекршувањето Изборниот законик и Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

Неисправното доделување на спортски ваучери од страна на Мојсоски, Каевски и Димевски е уште еден на листа од матните настани, а против нив е спроведена постапка. Тука спаѓа и неефикасното управување и стопанисување со државниот недвижен имот, за кој антикорупциска смета дека се злоупотребува од поставените надлежни. Додека лошите услови и корупцијата во затворите во Македонија се уште е нерешлив проблем, за него апелира и Советот на Европа.

Во споредба со матните, бистрите настани се помалку бројни. Месецот мај го карактеризираат со апсењето на директорот на фондот ПИОМ, поради опустошувањето на буџетот во вредност од 614 илјади евра. Пријавувањето на двајцата полицајци поради барање поткуп на работно место, како и кривична пријава за директорката на средното училиште во Делчево за „Несовесно работење во служба“.

И покрај месечната анализа „Бистро-Матно“, матните настани се повеќебројни, а свесноста за корупцијата меѓу граѓаните е се уште на многу ниско ниво. Сепак потребата за месечен извештај преминува во потреба кај граѓаните преку барометар на корупција, да ја увидат волјата на државата и како таа се справува со овој проблем.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More