Home » Корубин: Реториката за Македонија како жртва е опасна по нејзиниот опстанок

Корубин: Реториката за Македонија како жртва е опасна по нејзиниот опстанок

by Журнал

Проблемот е наративот и кој го гради. Секоја јавна личност ја има најголемата одговорност, а тоа е да се каже вистината без разлика колку е таа болна. Кај нас недостасува лидерство во едуцирање на луѓето за да ножат да изградат став. Сегашниот наратив е Македонија како жртва и тоа танува позадина во мислењето и ставот на секој граѓанин сеедно дали „проблемот“ ни го прави Грција, Бугарија или ЕУ. Резултатот од ова мислење е дека оваа држава не ја бидува. Ова е опасна теза за егзистенцијата на државата, која има потенцијал да се развива, но како дел од ЕУ, вели поранешната пратеничка Никица Корубин во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– ЕУ не е само стратешка определба за нас туку ние сме европска држава и суштински ѝ припаѓаме, вели Корубин.

Корубин за оваа реторика на жртва не исклучува и надворешни влијанија кои според неа се видливи.

– Сега има нова политичка реалност која бара дефинирање која е и што е Република Северна Македонија со регулирани односи со соседите. Ние не можеме да го монополизираме името на еден поширок регион. Затоа имплементирањето на договорите со Грција и Бугарија и Охридскиот договор ја дефинираат државата и не треба да се проблематизираат, вели Корубин.

Според Корубин, дезинформација е дека постои бугарски диктат туку станува збор за европски услов и барање за наше членство во Унијата.

– Етничките Македонци се најнеинформирани и се најмногу изложени на пропаганда, која делува и свесно и несвесно, дека станува збор за „бугарски диктат“. Тие се исложени на тоа во поголем дел од времето и врз основа на тоа го градат своето мислење, вели Корубин.

Корубин вели дека последната одлука на Советот на Европската комисија не значи дека ние сме блокирани бидејќи во моментот кога ќе го смениме Уставот преговорите продолжуваат. Оттука, вели Корубин, ние сме самоблокирани за разлика од другите земји во регионот кои се блокирани. Бугарија сега не стави вето на одлуката на Советот, заклучува Корубин.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk