Home » Корисни совети – Колку протеини треба да консумирате за да ослабете?

Корисни совети – Колку протеини треба да консумирате за да ослабете?

by Lina Muslija

Протеините често се нарекуваат градежен блок на животот, а воедно играат голема улога во губењето на тежината.
Ако се обидувате да ослабете, можете да го олесните процесот со јадење многу протеини за да го регулирате метаболизмот и да го зголемите чувството на ситост.
Зголемувањето и губењето на тежината се одредуваат според рамнотежата помеѓу внесените калории и согорувањето на калориите. Иако броењето калории е еден од попопуларните начини за ограничување на внесот, фокусирањето на протеини исто така може да биде корисно.
Имено, протеините ве прават да се чувствувате посити од јаглехидратите. Исхраната богата со протеини може да ги зголеми нивоата на хормони што го потиснуваат апетитот, како и да ги намали хормоните што го зголемуваат гладот.

 

„Протеините се познати по својот квалитет на ситост, односно по способноста да се чувствувате и да останете сити пред следниот оброк. Ова се должи на одредени хормони кои се ослободуваат како одговор на протеините во исхраната кои му сигнализираат на мозокот дека сте сити“, изјавила Витни Лизенмер, експерт за исхрана на Универзитетот Сент Луис за Everyday Health.
Протеините имаат подобар термички ефект од другите макронутриенти како што се јаглехидратите и мастите, што значи дека можат да користат повеќе калории од вашето тело за варење и метаболизам. Протеините се разградуваат подолго време, што бара повеќе енергија за обработка и апсорпција.
Варењето на протеините согорува 20 до 30 проценти од калориите, во споредба со пет до 10 проценти за јаглехидратите и 0 до три проценти за мастите. Затоа, здравата количина на протеини во исхраната може да го забрза метаболизмот и да ја поддржи контролата на телесната тежина.
„Повисокиот внес на протеини може да помогне во подобрувањето на нивото на шеќер во крвта кога го компензира внесот на јаглехидрати, особено рафинираните јаглехидрати“, вели Лизенмер.

 

Исхраната богата со протеини и растителни влакна може да го зголеми чувството на ситост и да го забави зголемувањето на нивото на гликоза во крвта. Кога се чувствувате сити, веројатно е дека ќе избегнете прејадување, што може да ја подобри чувствителноста на инсулин и да ги намали нивоата на гликоза во крвта.
Исхраната со висока содржина на протеини го зголемува лачењето на хормони кои можат да ја подобрат чувствителноста на инсулин кај луѓе со дебелина и предијабетес. Ако броите калории за да ослабете, се препорачува 10 до 35 проценти од дневниот внес на калории да доаѓа од извори на протеини.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk