Home » Координативен состанок во МНР за организација на враќањето на пациентите од пожарот во Кочани на лекување во странство

Координативен состанок во МНР за организација на враќањето на пациентите од пожарот во Кочани на лекување во странство

by Журнал.мк

Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска се одржал состанок со претставници од Министерството за здравство, Службата за општи и заеднички работи на Владата и кабинетот на претседателот на Владата, со цел координација и организација на процесот на репатријација на македонските пациенти кои се на лекување во странство, по трагедијата во Кочани.

На состанокот присуствувале министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за здравство, Арбен Таравари, директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, Сашо Клековски, директор на Фонд за здравство како и претставници на сите надлежни институции.

„Во фокусот на состанокот беа практичките и техничките аспекти поврзани со враќањето на пациентите кои успешно ја завршиле фазата на болничко лекување, како и на нивните семејства, со цел процесот да биде реализиран навремено и координирано“, соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Меѓуресорската координација, се најавува во соопштението, ќе продолжи и во наредниот период, при што внимателно ќе се следи состојбата на пациентите, а институциите, како и досега, ќе постапуваат усогласено и одговорно.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk