Home » Контрола на кабареа, ноќни и диско-клубови: 22 биле со лиценца, 15 со неважечка, а имало и некои што воопшто немале

Контрола на кабареа, ноќни и диско-клубови: 22 биле со лиценца, 15 со неважечка, а имало и некои што воопшто немале

by Журнал.мк

Митева кажа и дека денес Државниот пазарен инспекторат на терен ги проверувале сите 22 објекти коишто имаат важечка лиценца за тоа дали ги исполнуваат минимум технички услови коишто се потребни за да ја добијат таа лиценца

Изминатите два дена биле извршени 50 контроли во угостителски објекти коишто имаат лиценца за работа која се однесува на кабаре, ноќен клуб, диско-клуб и диско-клуб на отворен простор, информираа попладнево од Владата.

Во информацијата што на прес-конференција ја пренесе портпаролката Марија Митева, се вели дека согласно овие контроли на увид биле приложени 22 лиценци за вршење на угостителска дејност коишто се со важност и се од целата држава, но имало и 15 лиценци коишто се со истечена важност.

Со оглед дека овие угостителски објекти не работат деновиве поради денови на жалост, Митева рече дека ДПИ ги обезбедил документите потребни за надзорот преку контакти со одговорните лица.

Митева рече дека во Скопје имало 13 објекти од кои само два поседувале важечки лиценци за кабаре, а осум биле со истечени. Останатите три објекти немале никаква лиценца.

Со важечки лиценци за кабаре имало по три објекти во Куманово и Битола и по еден во Штип, Виница, Делчево, Велес и во Кичево.

Со важечки лиценци за диско-клуб имало два објекти во Струмица, Велес и Охрид. Со важечки лиценци за диско-клуб на отворено имало по еден објект во Струмица и во Битола.

При контролите, како што рече Митева, било утврдено дека има објекти и со истечени лиценци и такви по два биле откриени во Прилеп и Тетово, а по еден во Струмица, Гевгелија, Неготино, Охрид и Гостивар.

Во Тетово, пак, за четири објекти немало никаков податок.

Во Кавадарци и Охрид имало еден објекти со важечки лиценци, но Митева не наведе за каква дејност биле тие.

Митева кажа и дека денес Државниот пазарен инспекторат на терен ги проверувале сите 22 објекти коишто имаат важечка лиценца дали ги исполнуваат минимум технички услови коишто се потребни за да ја добијат таа лиценца.

Сепак, за тоа што е утврдено, Митева рече дека ќе излезат со дополнителни информации откако ќе завршел целиот надзор што се прави.

„За сите други објекти, коишто се со истечена важност на лиценцата или немаат воопшто лиценца, Државниот пазарен инспекторат донесе забрана за вршење на нивната дејност сè додека не се утврдат сите потребни документи, додека не се провери дали воопшто поседуваат услови, минимално технички услови за вршење на дејност за истите да можат да обезбедат дополнителна лиценца“, рече Митева.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk