Милан со пресврт дојде до трите бода во пресметката со Болоња (3-1) со што се отвори 36. коло во италијанската Серија А.
„Росонерите“ примија брз гол на почетокот на второто полувреме и беа во негатива до 73 минута кога започна нивниот камбек преку погодоците на Хименез (2) и Пулишиќ.
Тренерот Сержо Консеисао е среќен поради победата, ама не и од настапот на екипата.
-Не беше одличен настап. Вистина е, победивме против тим кој игра многу добро во Серија А, Купот на Италија и Лигата на шампионите. Тие се силни затоа што притискаат човек на човек, па ако не се справиме добро во наоѓањето простор, имавме лошо прво полувреме.
-Првиот гол го примивме затоа што се обидовме да притискаме малку повисоко и бевме изненадени. Го сменив системот во 4-4-2, играчите дадоа силен одговор, а и оние што дојдоа од клупата исто така дадоа позитивен одговор. Ова е духот што ми се допаѓа кај овој тим. Видов дека имаме премногу дефанзивци, па воведов уште еден напаѓач, ги преместив Чукуезе и Пулишиќ на крилата, со Жоао Феликс како втор напаѓач близу до Санти. Се помина добро, -рече Консеисао кој запрашан за неговата иднина на „Сан Сиро“, тој одговори:
-Консеисао не е важен тука. Она што е важно е следниот натпревар и освојувањето на трофеј. Историски клуб како Милан не може да биде задоволен со тоа што е деветти во Серија А. Има жалење и фрустрација од сите за начинот на кој помина оваа сезона. Навикнат сум на одредени работи. Ова не е момент да зборувам за себе. Во вистинскиот момент, ќе зборувам, -порача Португалецот.