7 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

Конгресот потврди: Бајден е победник на претседателските избори

Најчитани вести

Конгресот на САД ја потврди победата на Џо Бајден на американските претседателски избори, ден откако толпата поддржувачи на Доналд Трамп упадна во зградата во Капитол, со цел да ја спречи сесијата.

Конгресот, кој синоќа го прекина пребројувањето на избирачките гласови на неколку часа, поради упадот на приврзаниците на претседателот Доналд Трамп, утрово ги отфрли приговорите за победата на Џо Бајден на претседателските избори во Пенсилванија.

На седницата на Конгресот, потоа беа пребројани гласовите на Изборниот колеџ од уште 12 други сојузни држави, а потоа беше потврдена победата на Бајден на американските претседателски избори одржани на 3 ноември минатата година.

Седницата на Конгресот за броење на гласовите на Изборниот колеџ што го прогласи поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден за победник на претседателските избори, продолжи во средата попладне по локално време, откако силите за спроведување на законот ги отстранија демонстрантите од зградата, околу 17:30 часот.

Вработените во Конгресот, во метежот предизвикан од упадот на демонстрантите, ги зграпчиле кутиите со гласовите на Изборниот колеџ и ги однеле на безбедно, што овозможи да не се загрози уставно пропишаната постапка за потврдување на резултатите.

Насилството на демонстрантите наводно вознемирило некои републикански сенатори кои планираа да ги поддржат приговорите на нивните сопартијци од Претставничкиот дом за резултатите од претседателските избори во неколку држави и со тоа да иницираат постапка за двочасовна дебата на одделни седници на двата дома на Конгресот за секоја од државите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести